Во натпревар од 12. коло во калчо лигата, Удинезе и Спал одиграа 0-0 во Удине на „Фриули“.

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски беше стартет и одигра 65 минути.

Удинезе со овој освоен бод има 14, во моментов е на 12 место во калчо лигата, Спал е претпоследен со само 8 бодови.

Несторовски од утре ќе му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за натпреварите со Австрија и Израел во квалифкациите за ЕП 2020.