Удинезе им се врати на победите во Серија А откако вчеравечер славеше во Рим против Рома со 2:0.

Нашиот репрезентатеивец, Илија Несторовски постигна гол во елитата на Италија по пауза од 15 натпревари, ова за него беше само втор гол во дресот на Удинезе во Серија А.

„Најважно е дека победивме. Заслуживме да триумфираме, игравме добро како против Торино и Аталанта, но тогаш не стигнавме до посакуваниот резултат. Мислам дека ова е одличен резултат и сите сме многу среќни. Оваа победа и гол му ја посветувам на Роландо, сите знаеме дека имаше тешка повреда вчера, но тој дојде со нас на стадионот за да не бодри. Овој успех е за него и се надевам дека многу брзо ќе се врати, ни недостигна многу.“ – изјави Несторовски