Поради Коронавирусот, сите во Италија мора да останат дома, па нашиот репрезентативец, Илија Несторовкси мораше триесетиот (30) роденден да го прослави сам со помош на „интернет врска“ со неговото семејство.

Тој им се заблагодари на сите за честитките и им порача да остана дома, да ги следат препораките за превенција од Ковид-19 и најави журка по завршувањето на кризата.

„Сакам да Ви се заблагодарам на сите за многубројните пораки и слики што ги добив. Фала Ви од срце. Овој роденден не го прославувам како што замислував, сам и далеку од мојата фамилија, но во моментов како што е овој на прво место доаѓа здравјето на сите, има време за прослава со најблиските и пријателите, кога ова ќе заврши. Фала Ви на сите и останете дома за доброто на сите.“ – напиша Несторовски на неговиот Фејсбук профил.

Несторовски е член на Удинизе а предходно играше за Палермо, во Италија е од 2016 година по трансферот од Интер Запрешиќ.