Илија Несторовски од денеска е нов играч на Удинезе но првата објава, изјава напаѓачот ја посвети на неговиот довчерашен клуб, Палермо.

„Палермо не го заслужи ова. Не пред се одние кои ја даваа својата душа секоја ден за доброто на клубот и заслужуваат многу повеќе. Секој со својата сила во овие тешки моменти. Јас сум горд што бев капитен на овој голем тим. Палермо ти секогаш ќе бидеш мојот дом“ – напиша Несторовски на Истраграм.

Несторовски за Палермо  одигра 99 натпревари и постигна 39 гола во трите сезони минати во екипата од Сицилија.