Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски ги завршил преговорите со Удинезе и се согласил на тригодишен договор, пренесува „Тутомеркато“.

По три сезони минати во екипата на Палермо која поради казна следната година ќе игра во Серија Д, Несторовски ја завршил потрагата по нов клуб и најавите дека ќе се пресели во Удинезе се пред официјална потврда.

Несторовски ќе го носи дресот со бој 30, исто како и во Палермо. Тој во новиот клуб доаѓа како слободен фудбалер откако Палермо ги раскина договорите со сите играчи.

Изгледно е дека Несторовски и Трајковски ќе играат во различни клубови во новата сезона во Серија А. Како што најавивме, Трајковски е во преговори со Милан.