По нецели три месеци по оној гол против Торино на 12 декември 2020, Илија Несторовски постигна гол за Удинезе.

И овојпат како и против Торино, голот на нашиот репрезентативец беше пресуден за Удинезе да стигне до посакуваната победа против Фиорентина од 1:0 во 24 коло од Серија А.

„Освоивме три важни бодови, и знаевме дека овој натпревар е од големо значење, особено затоа што победата не издигнува многу погоре на табелата. Ова е чекор напред за нас, сега сме на 12 бода од остварување на нашата цел, се надевам дека ќе ја оствариме што поскоро. Се најдовме во тешка ситуација и моравме да најдеме нешто плус во секој од нас. Победивме и среќен сум за сите што играа денеска. За мене головите се многу важни, сега постигнав гол кој му донесе три бода на мојот тим, по подолго време се запишав меѓу стрелеците.“ – изјави Несторовски.

За напаѓачот на Удинезе ова беше втор овосезонски гол во 15 настап во Серија А, минатата сезона на 28 натпревари постигна три гола во елитата на Италија.

Standings provided by SofaScore LiveScore