Потпретседателот на Суринам Рони Брунсвијк е сопственик на фудбалскиот клуб Интер Моенготапое. Вчера не беше само соптвеник, туку и капите и играч кој го одигра целиот меч против Олимпија.

Овој податок не би бил чуден доколку Брунсвијк нема дури 60 години. Освен што е сопственик и капитен на клубот, Њујорк Тајмс пред неколку години објави интересен текст за неговиот живот.

Според нив, Брунсвијк во текот на животот во оваа држава бил побуненик, фудбалер, баран ограбувач на банки и татко на најмалку 50 деца.

Во Европа е осуден за трговија со дрога, но важи за човек кој помогнал да се доведе демократијата во Суринам. Неретко се поставуваат прашања од каде му големото богатство со кое располага, но познат е и по својата дарежливост.

Ќе остане запаметен моментот кога од хеликоптер им фрлаше пари на тлото на сиромашните жители на Суринам, па тие го окарактеризираа како дарежлив.