Екипата на Колубара од Лазаревац го промени тренерот Драган Радојичиќ истиот ден кога и го постација на функцијата. Неколку часа после промоцијата, пред тој да се запознае со фудбалерите, спортскиот директор на клубот соопшти дека тренерот е променет.

Колубара наредната сезона за прв пат ќе игра во српската Суперлига, а засега не е познато кој ќе го води тимот во првенството.

Тренерот роден во Никшиќ, досега работел во Војводина, ОФК Београд, Пролетер и Рад, како и во неколку црногорски тимови. Неговото богато искуство според српските медиуми требало да биде адут на Колубара во дебитантската сезона, што тој и го наведе при претставувањето.

„Човек сум на теренот, работник. Не сакам многу да зборам и затоа ветувам дека ќе направиме се Лазаревац да игра важна улога во дебитантската суперлигашка сезона“- истакнал тој.