За првиот тим на Њукасл наскоро би можел да заигра 23 годишниот француски фудбалер Флорент Индалесио. Моментално е член на резервниот тим на Њукасл, а во завршницата на сезоната би можел да добие прилика во првиот тим на Стив Брус.

Индалесио во младоста го победил туморот на коленот, а едно време работел како градежен работник. Цело време Флорент мечтаел за голема фудбалска кариера на позицијата офанзивен играч од средниот ред.

Но со почетоците на кариерата во Сент Шамон, на Индалесио му бил дијагностициран тумор на коленото. Морал на операција на која легарите му врадиле неколку штрафови како полесно би можел да се движи. Му било кажано дека никогаш повеќе нема да заигра фудбал.

„Напорно работев по операцијата и секој ден бев во теретана. Седум дена неделно. Целта ми беше да ја вратам кондицијата, а потоа заиграв за нисколигашот Хаутс Лион и бев пресреќен што можам повторно да игра фудбал“– вели тој.

Од фудбалот не можел да заработува, па одлучил да се пријави за работа во Австралија. Во мај 2019-та година отишол да работи градежништво.

„Им праќав фотографии во работничко одело и говорев дека имам искуство, а уствари немав појма. Три дена подоцна ме повикаа и ми кажаа да почнам да работа во Сиднеј. Работев како ѕидар и брзо се навикнав на тоа.“

Тогаш заиграч за австралискиот тим Фрејзер Парк ФЦ и се надевал дека може да стане професионалец. Цело време бил во контакт со францускиот фудбалер Алан Сент Махимин, кој е ѕвезда на Њукасл. Тие двајца се познаваат од младинските тимови на Сент Етјен.

„Му кажав дека сум среќен што живеам во Сиднеј, но дека не сакав засекогаш да бидам ѕидар. Тој ми порача дека ќе се обиде да пронајде некој клуб во пониските лиги во Англија. Знаев дека игра за Њукасл и бев среќен поради него, но за неговиот клуб никогаш не сме зборувал. Тогаш сигна пандемијата од коронавирусот и сезоната во Австралија беше прекината. Единствен прихот ми беше градежништвото. Алан ми се јави и ми кажа да дојдат во Англија и дека ќе ми помогне. Дојдов кај него и бев во неговиот дом. Тој разговарал со луѓето за мене и одлучија да ми дадат шанса, а јас тоа не го ни знаев. Бев добар на пробата и дадов гол. Добив едногодишен договор и сега уживам играјќи за резервниот тим. Давам се од себе да останам овде, иако има многу дожд“– вели Французинот.