Себастијан Халер ги постигна двата гола на Ајакс во победата од 2:1 кај Бешикташ во петтото коло од Лигата на шампионите. Со првиот израми, а со вториот го сруши голгетерскиот рекорд во Лигата на шампионите.

За 27 годишниот Халер ова беше само петти меч во Лигата на шампионите, но првиот гол на истиот му беше осми, со што се изедначи со Ерлинг Халанд, кој до тогаш беше рекордер по бројот на голови во првите пет настапи во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, Халер со вториот победнички гол, стана прв играч во историјата на Лигата на шампионите кој на првите пет меча во натпреварувањето постигнал девет гола.

Халер е стрелец на девет од 16-те гола кои досега ги постигн Ајакс.

Токму ова беше причина од клубот на социјалните мрежи да се пошегуваат со противниците од групата. Имено на социјалните мрежи објавија листа на стрелци од нивната група. Таму првото место го делат Халер и Спортинг Лисабон со девет гола, додека втора Борусија Дортмунд со четири, а трет е Бешикташ со само три гола, што е третина од учинокот на Халер.

Сепак, Бешикташ и Дортмунд својот меч го играа подоцна, односно по овој твит, па така Бешикташ сега има 12 голови, а германскиот тим пет.