Билетите за бараж-натпреварот од полуфиналето меѓу Македонија и Косово се распродадени, информираше официјално Фудбалската федерација на Македонија.

Ова е рекордно време најголемата Арена во земјата да се распродаде за толку кратко време што е доволна назнака за еуфоријата која владее кај граѓаните.

Македонските репрезентативци на 26. март ќе имаат огрмна поддршка на Арената „Тодор Проески“ доколку актуелната ситуација со коронавирусот дозволи натпреварот да се игра со публика.