Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, ја коментира кавгата на агентот на Погба, Мино Рајола, со тренерот на „Ѓаволите“ Солскер.

Се ќе заврши со неминовното заминување на Погба. Но, клубот треба да му објави бојкот на овој агент. Тој веќе неколку години  го понижува Манчестер Јунајтед со Погба и со други фудбалери. Зошто клубот му го дозволува тоа, не разбирам. Тој постојано и јавно му создава проблем на клубот. Вели дека го брани Погба, ама во зборовите на Солскер немаше агресија. Тој само кажа дека клубот го плати Погба 90 милиони фунти и сака да ја виде неговата најдобра игра. Тој не рече дека Погба е негова сопственост. Ама Рајола сака Погба да замине од клубот, за да го продаде на друг и да заработи нови пари. Погба е една од „златните кокошки“ на Рајола, кој на овој фудбалер веќе заработи милиони“, изјави Невил за Sky Sports.

Овие денови се води војна со зборови меѓу Солскер и Мино Рајола.