Легедарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Гери Неви смета дека натпреварите не треба да се играат пред празни трибини, туку треба да се пронајде други решение.

Поради епидемијата од коронавирусот голем број на натпревари ширум Европа се играат без навивачи. Меѓу нив се мечевите и од Лигата на шампиони меѓу Барселона-Наполи, ПСЖ-Дортмунд, Валенсија-Аталанта и Јувентус-Лион.

Не подржувам одлуки мечевите да се играат без навивачи. Ако е потребно да се затворат стадионите, федерациите мора да пронајдат начн да ја одложат сезоната. На тој начин клубовите ќе остварат приходи кои им се неопходни како би опстоиле“-изјави Гери.