Тренерот на Баерн Минхен Ханси Флик по вчерашната победа кај Волфсбург со 3:2 објави дека на крајот на сезоната сака да го напушти клубот.

Како главна причина се надевува проблемот во односите со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, односно дека него не е возможно да се работи. Се споменува дека поради него заминале и Карло Анчелоти и Нико Ковач.

На оваа приказна се надоврзал и Билд, кој објавува дека освен Флик, ќе замине и неговиот помошник Мирослав Клосе.

Двајцата чувствуваат дека е изгубена семејната атмосфера во Минхен, а посебно Клосе кој со носталгија се сеќавал како се било различно од 2007 до 2011, кога беше таму како играч, јавува Билд.

Билд потврдува дека Салихамиџиќ е причината за двајцата да сакаат да се разделат со Баерн Минхен.