Џеси Лингард се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед во овој преоден рок откако јасно е дека нема место за него во тимот на Солскјер, особено поради формата на Бруно Фернандес.

Според „Скај Спортс“, Ница е сега прв фаворит за Лингард и покрај интересот од Милан и од Интер кои пак не се расположени да му дадат на 28 годишниот плејмејкер 100 000 евра неделна плата.

Плејмејкерот се надева дека со трансферот во Ница ќе добие редовна минутажа и со тоа ќе успее да ја врати формата а со тоа и местото во репрезентацијата на Англија за престојното ЕУРО 2021.

За Лингард интерес има и од Њукасл кој се надева дека ќе успее во овој преоден рок да ги ангажира и Џонс и Ромеро од Јунајтед кои исто така се пред заминување од „Олд Трафорд“.