Синиша Михајловиќ ја започна борбата со леукемијата, поддршка довива од сите страни, има пет деца, семејството е сплотено во борбата со опасната болест.

Викторија Михајловиќ има 22 години и таа е најстарата од сите пет деца на Синиша Михајловиќ , се огласи на инстаграм со пораката:

„Велат дека Господ најтешките борби им ги дава на најдобрите војници. Дури и ако не одговорам, ги читам вашите пораки и ви се заблагодарувам од срце. Ние сме семејството Михајловиќ, борбата е во нашата ДНК“ – порача Викторија.

Вирџинија Михајловиќ која има 20 години  им се заблагодари на сите за поддршката:

„Искрено благодарам на сите за се, со целото мое срце, на сите посебно“ – напиша Вирџинија.

Покрај двете ќерки , Синиша Михајловиќ со сопругата Аријана имаат уште три сина, Мирослав, Душан и Николас.