Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, а до сега шеф на младинската школа, Ники Бат, напредуваше на Олд Трафорд.

Како што објавија од клубот, тој е поставен за шеф за развој на првиот тим, што е нова позиција во Јунајтед. Повеќе детали за самата позиција не се познати, но она што се знае е дека Бат директно ќе му дава извештаи на тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Манчестер Јунајред е во мојата ДНК и ова е многу голем момент за мене, да бидам во оваа нова улога. Под водство на Оле, нашата визија ќе потврди дека продолжуваме да обезбедуваме вистинска околина и услови за нашите млади играчи.“ – вели Бат.

На чело на Академијата ќе го замени Ник Кокс.