Новиот тренер на Монако, Нико Ковач бара брзо решение на трансфер пазарот откако му било потврдено дека Бен Једер сака да го напушти Кнежевството ова лето.

Реал Мадрид сака да се ослободи од Јовиќ, но проблем е трансфер оштетата, „Кралевите“ го купија за 60 милиони евра, но извесно е дека нема да добијат ваква понуда.

Монако ќе достави понуда за позајмица од една година со можност за целосен откуп во јуни 2021 година без прецизирана откупна клаузула, пренесува „Франс Фудбал“.