Србскиот напаѓач Лука Јовиќ во првите две сезони во Реал Мадрид не исполни ниту пет проценти од очекувањата од неговото доаѓање од Ајнтрахт за 60 милиони евра.

Во пресрет на третата сезона, тој доби можност да се избори за место во тимот на новиот тренер Карло Анчелоти, но веќе во првата недела од подготовките повреди мускул и го комплицираше статусот затоа што сега не може да се докаже во таборот на Анчелоти, пишува Ас.

Реал сака да се ослободи од Јовиќ, а Марка пишува дека за него е заинтересиран Нико Ковач, кој би го довел во Монако. Јовиќ и Ковач успешно соработуваа во Ајнтрахт Франкфурт, а Ковач ја започна својата тренерска кариера  токму во Ајнтрахт од каде преку Барен премина во Монако.