Баерн Минхен сеуште е во потрега по нов крилен напаѓач пред почетокот на новата сезона а Лерој Сане од Манчестер Сити и Осман Дембеле од Баерн Минхен се двете главни трансфер цели.

Предводникот на „Баварците“, Нико Ковач во изјава за германските медиуми го потврди интересот за репрезентативецот на Германија.

„Тој дефинитивно може да ни помогне. Го гледав како игра за националниот тим и во Манчестер Сити знаат со какви квалитети располага“ – изјави Ковач.

Заминувањето на Робен, Рибери и на Хамес ги примора челниците на Баерн ова лето да бидат поактивни на траснфер пазарот но цената на дел од играчите ги спречува за посериозни промени.