Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач доживеал непријатност за време на тренингот со екипата.

„Билд“ јавува дека Ковач, додека бил со членовите на стручниот штаб разговарајќи за тактиката за следниот натпревар, бил нападнат од навивач.

Навивачот го фатил Ковач за нозете и не сакал да го пушти.

„Повикана била полиција, интервенцијата била успешна, а напаѓачот приведен.“ – јавува Билд.

Се уште не е познато зошто навивачот го нападнал хрватскиот тренер.