Нико Ковач, тренерот на Монако, одржа прес конференција пред гостувањето на неговиот тим кај Стразбур и се расплака на прашањето за Златко Крањчар, легендарниот хрватски фудбалер и тренер, кој почина вчера на 65 години.

Новингарите ги интересираше, дали и колку Ковач учел од Цицо Крањчар.

„Тажен сум беше мој тренер“, едвај изговори Ковач.

А потоа почна и да плаче.

„Простете… Не ми е лесно затоа што заедно минавме убави моменти. Златко пред се беше една премногу добра личност, секогаш весел и тренер од кого доста научив. Исто така ми ја довери капитенската лента во репрезентацијата, па за мене е посебно важна личност. Сите сме многу тажни поради неговата смрт. Нека почива во мир“– кажа Ковач на кого Крањчар две години му беше селектор во репрезентацијата.