Севиља и Рома во четврток треба да го одиграат првиот меч од осминафиналето од Лигата на Европа, но во пресрет на овој дуел се појави проблем.

Имено, „Волчицата“ ќе отпатува за Шпанија, но натпреварот  е под знак прашалник, бидејќи дел од фудбалерите на домаќините стравуваат од коронавирусот и одбиваат да играат. Како што е познато Италија е земјата со најголем број на заразени од смртоносниот вирус, па не и ни чудо ваквата иницијата од фудбалерите на Севиља.

Наводно шпанските фудбалери бараат целосно да биде стопирана и Ла Лига и сите меѓународни натпревари, додека не се смири епидемијата од коронавирусот.