Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стив Никол, смета дека Ливерпул мора да ја смени тактиката, доколку сака да ја освои Лигата на шампионите.

Ливерпул сигурно ќе ја освои Премиер лигата, но ако сака да ја освои и Лигата на шампионите, Клоп ќе мора многу брзо да направи некакви измени. Мислам дека тие во моментот, по двата врзани порази,  имаат проблем од психолошки аспект, бидејќи се друго – се решава многу лесно и успешно со помош на фитнес-тренери и методи кои спешно ги користат“, рече Никол за ESPN.

По 44 натпревари без неуспех, Ливерпул врза два порази. Првиот во осминафиналето на Лигата на шампионите од Атлетико, 0:1, а вториот, особено болен, во Премиер лигата од аутсајдерот Вотфорд, 0:3.