Никола Илиевски – Џиџи и Ренова се разделија откако не успеаа да се договорат за соработка во следната сезона. Ренова ја потврди разделбата со Илиевски и ќе бара ново решение на тренерската позиција за следната сезона.

Од раководството на „гипсарите“ потенцираат дека направиле се да ја продолжат соработката со Илиевски но за жал не успеале во тоа. Засега нема официјални информации кој ќе седне на клупата на Ренова за следната сезона, но тимот од Џепчиште  ќе мора брзо да реагира.