И официјално од денес Николас Пепе е нов играч на лондонски Арсенал. 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во редовите на „топџиите“ доаѓа од француски Лил.

Арсенал за неговите услуги плати рекордни 79 милиони евра што представува најскап трансфер во историјата на клубот од Северен Лондон.

Минатата сезона во дресот на Лил, Пепе постигна 23 гола и имаше 12 асистенции на одиграни 40 натпревари.

Пепе во новиот тим ќе го носи дресот со број 19, а во Лондон ќе остане до 2024 година.