Лондонскиот фудбалски Арсенал постигна договор со францускиот Лил во врска со доведувањето на офанзивниот фудбалер Николас Пепе.

Како што пренесува новинарот на Би-Би-Си Спорт, Дејвид Орнстејн, вредноста на овој трансфер се проценува на 80 милиони евра, износ што лондонскиот клуб ќе го отплаќа на рати.

Претседателот на Лил, Жерард Лопез вчера потврди дека во клубот се дојдени понуди од многу европски клубови но, сепак оставиле на Пепе да одлучи каде ќе ја продолжи сопствената кариера.

Пепе, минатата сезона во дресот на Лил постигна 22 гола во француското првенство и беше еден од најдобрите поединци во овој клуб.