Фудбалската понуда денеска во Европа е скромна но сепак има првенства кои се играат во редовниот термин.

Унгарското фудбалско првенство денеска продолжува со шест нови натпревари. Македонските репрезентатици, Бобан Николов и Висар Муслуи се најавени меѓу стартерите за МОЛ Фехервар за дуелот со ДВТК од 25 коло од ОТП Банк лигата.

МОЛ атакува на 16 победа сезонава, четврта во низа со која би се искачиле на првото место на табелата. Лидерот Ференсварош има два натпревари помалку и еден бод предност пред денешниот натпреварувачки ден во Унгарија.