Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја смирува топката по зголемениот притисок од јавноста пред дуелот со Летонија.

Победата на Австрија над Летонците од 6:0 само ја разбуди македонската јавност која сега очекува убедлива победа на нашата селекција во натпреварот во понеделник во Рига.

„Важно е да победиме. Не е важно како и со колку разлика. Подобро е што ќе играме на поладно време во оснос на „пеколот“ во Израел. Одиме на победа. Дома одигравме добро со Летонија, ако ја повториме играта и пристапот, нема да имаме проблем.Најважно е да победиме па потоа ќе мислиме за второто место и дуелите со Полска и Австрија. Не е важно другите како ќе одиграат, за нас најважно е да гледаме што се случува во нашиот двор.“ – изјави Бобан Николов за Дриблинг.мк.

Во март во Скопје, Македонија ја победи Летонија со 3:1 со двата гола на Елмас и еден на Алиоски. Николов беше стартер на тој меч а се очекува и за средбата во Рига тој  да биде дел од почетниот состав.