Бобан Николов нема да биде дел од составот на Македонија за дуелот со Австрија во 9 коло од евроквалификации.

Креативецот е суспендиран поради жолти картони но смета дека и покрај сите проблеми со кои се соочува тимот, мора позитивно да се гледа и кон онаа шанса во Лигата на нации а останатите два меча од стандардните квалификации да се искористат како подготовка.

„Искуството беше клучно за поразот. Сами се победивме. Видовте и сами во првото полувреме оној ударот на Зелеински кој заврши во гредата, немаа ништо друго посебно. Ја држеа топката , ние моравме малку похрабро да излеземе напред. Да бевме малку по здрели по сконцентрирани мислам дека ќе можевме да ги добиеме. Навистина сакавме да ги победиме. Сега мора да застанеме но сега одиме во Австрија за да ги победиме и потоа не чека нова шанса во март. Ништо не е загубено, не се предаваме.“ – изјави Бобан Николов.

Македонија загуби на гостувањето кај Полска со 2:0 а за пресметката со Австрија во ноември покрај Николов, нема да ги има на располагање и Несторовски и Муслиу исто така поради суспензија.