Финалето на германскиот куп, кое е закажано за 13 мај во Берлин, ќе се игра пред празни трибини, како во 2020 година, објави во денес германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).

 

„Поради мерките што се во сила на местото на финалето, во Берлин, невозможно е да се побараат навивачи да присуствуваат на натпреварот“, се вели во соопштението на ДФБ

 

Вердер Бремен и РБ Лајпциг ќе играат во полуфиналето на 30 април, како и Борусија Дортмунд и второлигашот Холштајн Кил на 1 мај.

Денес , Уефа ќе донесе и одлука за четири натпревари на Европското првенство (од 11 јуни до 11 јули), во Минхен, каде што не се одиграл ниту еден натпревар во последната скоро една година со публика.