Ливерпул нема да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Адам Лалана. По завршувањето на сезоната, 31-годишниот Англичанец како слободен агент ќе тргне во потрага по нов клуб.

Лалана не ќе мора да оди далеку, бидејќи за него се заинтересирани дури три клуба: Арсенал, Тотенхем и Лестер, чиј тренер Брендан Роџерс го знае Лалана од времето кога бил во Ливерпул.

Лалана оваа сезона настапи на 13 средби во Премиер лигата и постигна 1 гол, а имаше и 1 асистенција.