Францускиот репрезентативец, Пол Погба по се изгледа нема да остане во Манчестер Јунајтед иако се најавуваше дека ќе потпише нов долгогодишен договор.

Според најавите од Франција, ПСЖ е подготвен да го нарпави Погба пето летно засилување по Донарума, Рамос, Вајналдум и Хакими.

Погба повеќе од два месеци ги одолговлекува преговорите со Јунајтед за нов договор, моменталниот му истекува следното лето.

ПСЖ е подготвен да плати за Погба 80 милиони евра, сума која може да го убеди Солскјер да дозволи плејмејкерот да го напушти „Олд Трафорд“ по втор пат во кариерата.