Премиерлигашите започнуват да се враќаат на старити навики, односно да тренираат во полна форма со контакт.

Ова го донесе последната дозвола од англиските власти со која започна втората фаза на подготовка на играчите пред рестартот во најсилната фудбалска лига во Велика Британија.

Фудбалерите на Њукасл денеска беа предводени од Стив Бруис а утринскиот тренинг остана забележан како првиот со дозволен контакт по враќањето на терените.

За утре е закажан нов состанок меѓу премиерлигашите и властите во Англија за тоа какви ќе бидат следниот чекори во однос на рестартот на Премиер лигата. Можно е ново одложување на рестартот за 27 јуни.