Новите газди на Њукасл не губат време , започнаа преговори со Барселона за Фелипе Кутињо, ова го тврдат медиумите од Шпанија и Англија.

Познатиот новинар од Италија, Николо Скира тврди дека Њукасл во моментов преговара за две засилувања, едно од нив е Кутињо кој не е пожелен во Барселона.

Барселона сака да се ослободи од Бразилецот по секоја цена, Баерн Минхен потврди дека нема да го откупи договорот, Њукасл станува се поизвесна нова дестинација на Кутињо кој оди на попуст поради кризата во светскиот фудбал предизвикана од коронавирусот.

Последните информации велат дека цената на Кутињо е намалена за вртоглави 40 милиони евра.