Откако инвеститорите од Саудиска Арабија го презедоа Њукасл и го направија клубот со најмногу пари на располагање во светот, се погласни се приказните за тоа кои ќе бидат првите засилувања.

Англиските медиуми детално известуваат за желбите на новите сопственици за промена на тренерската позиција. Стив Брус во моментов е на таа позиција, која е на милост и немилост на навивачите, и во моментов се бори да остане. Пред неколку дена, тој рече дека му е драго што „неговите родители се мртви за да не мораат да гледаат колку е исмејуван и понижуван“.

Дејли Мирор претходно објави дека Саудијците би го сакале Стивен Џaерард кој направи одлична работа во Ренџерс. Вториот најголем фаворит е Антонио Конте. Проблемот со италијанскиот стручњак, пишува Сан, е дека Њукасл гради долгорочен проект, додека тренерот Конте е познат по тоа што не трае долго на едно место.

Останатите двајца кандидати изгледаат многу подостапни и поевтини. Еди Хоу успешно го водеше Барнли со години и сега е надвор од игра и наводно ја чека можноста што може да му ја даде Саутемптон. Се споменува и Пауло Фонсека, трофејниот поранешен тренер на Шахтјор и Рома, кој оваа сезона беше заменет во Рим од Жозе Мурињо.