Стив Брус одлучил дека на Њукасл му е потребно засилување во средниот ред, играч кој може да помогне во одбраната но со визија за долги додавања кон крилните напаѓачи.

Ова новиот менаџер на Њукасл се надева дека ќе го добие од Џејмс Мекарти од Евертон. Плејмејкерот не е во прв план во екипата на „карамелите“ и лесно може да се случи трансферот да биде комплетиран во следните неколку денови, пренесува островски „Експрес“.

Управата на Њукасл верува дека Мекарти ќе го добие за 5 милиони фунти но сеуште нема доставено официјална понуда до „Гудисон Парк“.