Ангискиот фудбалски клуб Њукасл Јунајтед ќе се засили со Алан Сен-Максимини од Ница.

Според англиските медиуми за трансферот Њукасл ќе издвои 16,5 милиони фунти. Сен-Максимини (22) ги договорил личните услови и со Њукасл ќе потпише пет годишен договор.

За Ница поранешниот играч на младата репрезентација на Франција од 2017 година одиграл 67 натпревари и постигнал 11 гола.

Сен-Максимини ќе биде второто засилување за новиот менаџер на Њукасл, Стив Брус откако претходно за сума од 40 милиони фунти Њукасл го донесоа Бразилецот Жоелингтон од Хофенхајм.