Њукасл не губи време и веќе почнува да го составува тимот за висок пласман следната сезона во Премиерлигата, прва задача е нов тренер, Маурисио Покетино веќе добил понуда која нема да ја одбие.
Според САН од Англија, Покетино е во завршни преговори со Њукасл, има понуда која не се одбива, планот е долгорочен и вклучува сериозен буџет за засилувања, тоа било прво барање на Аргентинецот.
Прв на листата на желби на Покетино е Хамес од Реал Мадрид а се шпекулира со преговори и со Кавани од ПСЖ и со Кутињо од Барселона.
Покетино минатата недела потврди дека ќе се врати на работа и тоа во Англија, последните шпекулации говорат дека тој веќе начелно потврдил дека ја прифаќа менаџерската позиција во Њукасл.
Comments are closed for this post.