Њукасл го забрани вообичајното утринско ракување меѓу фудбалерите и тренерите на екипата.

Одлуката е донесена како превенција од коронавирусот.

Имавме традиција да се ракуваме сабајле пред тренинг, но докторот не посоветува да престаниме со тоа. Имаме одличен лекар кој не држи во тек со настаните и ни кажува се што треба да правиме.

И ние, како и сите, сме пред телевизорите и ги следиме вестите за ширењето на коронавирусот, со надеж дека сето тоа брзо ќе се смири“, изјави тренерот Стив Брус.

Слични мерки воведуваат и други клубови, па, така, Арсенал бара секој што ќе ја посети клупската база да пополнува посебна медицинска анкета.