Јувентус сака ова лето да се ослободи од Арон Ремзи, кој е еден од најплатените играчи на тимот, но со своите игри не покажа дека заслужува да добива толкава плата.

Неколку тимови од Англија веќе покажаа интерес за него, а сега во редот дојде и Њукасл. Според англиските медиуми од клубот веќе го контактирале и Јувентус. Засега преговорите се неформални, но интерес секако посоти.

Ремзи во Јувентус дојде во 2019-та година од Арсенал како слободен играч и за италијанскиот клуб одигра 65 натпревари во сите натпреварувања.

Тој по одличните неколку години во Арсенал, каде беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, дојде во Јувентус, каде од него очекуваа многу, но од очекуваното не добија речиси ништо.