Амбициите на Баерн Минхен секоја сезона се идентични, титула во Бундес Лигата и атак на круната во Лигата на шампионите. Но освојувањето на европскиот трон во моментов изгледа недостижно и поради ова првата ракавица на „баварците“ размислува да го промени клубот.

Мануел Ноер беше еден од најдобрите голмани по пристигнувањето во Минхен од Шалке пред осум сезони. Понудата од Баерн ја прифатил со желба да ја освои Лигата на шампионите но откако ова не го оствари, неговиот агент тврди дека почнал да размислува за заминување од екипата предводена од Нико Ковач.

Ноер има договор со Баерн Минхен до 2021 година но лесно може да се случи уште ова лето да ја промени средината, иако во моментов нема тим кој има амбиција за Лигата на шампиони без прв голман од светски ранг.