Мануел Ноер , голманот на Германската репрезентација и Баерн Минхен во пресерт на вечерашниот дуел на Германија и Франција на ЕУРО 2020 смета дека Французите се број еден фаворит за освојување на првенството и имаат исклучително квалитетни напаѓачи.

„Присуството на фановите е многу важно за нас. Сакаме да ги израдуваме со победа и да одиграме успешен шампионат за нив. За мене, специјално нешто е што ќе играм натпревари од групата во Минхен. 

Франција има неверојатни напаѓачи кои се важни за тимот. Знаеме многу за нив, не само за Мбапе. Ги почитуваме и мислам дека респектот е обостран. Не можеме да дочекаме да дојде стартот, сакаме успешно првенство“, изјави Нојер. 

Вечерашниот дуел помеѓу Франција и Германија преставува европски класик во кој ќе уживаат сите.