Фудбалерите на Салзбург вчера беа поразени на свој терен со 2-3 од Наполи во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, но и покрај тоа натреварот го одбележа младиот фудбалер на Австријците, Ерлинг Халанд. Тој беше автор на двата погодцои и по три натпревари има 6 постигнати погодоци со што го сруши рекордот на Дидиер Дрогба.

Само за споредба, Норвежанецот во моментов има постигнато повеќе голови од Мбапе , Меси  и Роналдо заедно. Халанд самиот има постигнато повеќе погодоци во ЛШ од Атлетико Мадрид , Интер , Барселона , Челзи , Реал Мадрид.

Тинејџерот блеска на сите полиња оваа сезона,а во моментот има постигнато 20 голови во сите натпреварувања.