Норвешкиот тренер Том Нордли во последните 24 часа им стана познат на фудбалските фанови, но по нешто по кое самиот тој не може да биде горд.

Имен, во 2019 година, Норвежанецот „успеа“ да испадне во понизок ранг со два клуба. Тој прво како тренер на Скеид дојде во обид да го спаси клубот од испаѓање, но место тоа испадна од лигата во понизок ранг.

Кога заврши регуларниот дел во плеј-офот беше назначен за тренер на Лилестром. Овој клуб играше во плеј-оф за опстанок во првата лига на Норвешка, и од  клубот очекуваа дека Нордли ќе ги спаси, меѓутоа му се повтори сценариото од Скеид.