Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот,  одлучил да остане во Франција на неопределено време.

„Тутуспорт“ тврди дека Бјанконерите го губат трпението со францускиот играч, кој минатото лето пристигна од ПСЖ,  кој разочара со игрите. Јуве многу веројатно ќе го стави на трансфер пазарот ова лето, а ситуацијата околу Французинот е слична на онаа како и на Игуаин. И двајцата се единствените фудбалери на „Старата дама“ кои не се вратени во Торино да продолжат со тренинзите, кои стартуваат од понеделник.

Игуаин доби дополнителна недела одмор пораид лични проблеми и се очекува да се врати овој викенд, но Рабиот наводно нема никаков изговор да остане во француската престолнина.