Покрај дебаклот со Ливерпул нови големи проблеми за Манчестер Јунајтед, а нив ги предизвикува еден од оние кои беа најлоши во мечот, а е капитен на тимот, платен 87 милиони евра.

Очајниот настап на Мегваер ги загрижи навивачите, но предизвика и незадоволство во соблекувалната на „црвените ѓаволи“, па сѐ повеќе фудбалери не го сакаат дефанзивецот за капитен на екипата.

„Тајмс“ објави дека вчера бил одржан состанок со една цел, а тоа е да се расчисти ситуацијата меѓу фудбалерите и тренерот, односно можност на секој од нив да си каже што мисли за состојбата на клубот.

Еден од фудбалерите јавно зборувал за потегот на Оле Гунар Солшер да го промовира Мегваер во капитен, иако тоа требало да биде голманот Давид де Хеа, кој имал подолг стаж од неговиот колега.