Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа се повреди на еден од тренинзите, пред почетокот од продолжението на сезоната во Ла Лига.

Аргентинецот го очекуваат детални медицински прегледи, по кои ќе ќе се знае колку долго ќе отсустува од фудбалсите терени.

Во прашање е повреда на мускулот од десната нога, а Кореа е втор фудбалер на „јорганџиите“ кој се повреди во последните седум дена. Претходно повреда доживеа и Жоао Феликс.

Атлетико Мадрид пред прекинот на првенството се наоѓаше на шестата позиција на табелата, а сезоната ќе ја продолжи на гостувањето кај Атлетик Билбао.