Келн загуби од Хета со 4-0 на домашен терен, се наоѓа во резултатска криза, тренерот Бајерлоцер е пред отказ.

„Јарците“ го запишаа петиот пораз во Бундеслигата, имаат само една победа и се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата.

Неизвесна е судбината на тренерот Бајерлорцер на клупата на Келн кој има неочекуван резултатски развој во најсилната конкуренција во Германија.

Клубот најави дека во следните денови ќе ја разгледа позицијата на Бајерлорцер и ќе го соопшти ставот.