Македонскиот репрезентативец до 21 година Метју Божиновски сезонава ќе настапува во дресот на Велингтон Феникс како позајмен играч.

Тој досега настапуваше за Мелбурн Виктори, а неговиот нов тим ќе има шанса да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Божиновски поради Ковид-19 не настапи во дресот на македонската репрезентација до 21 година во октомвриските квалификации.